Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг фучи на безобразието на ВМРО-ДМПНЕ, а премиерот Зоран Заев уште глуми наивност. Вели дека ќе разговарал со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за да обезбеди 80 гласа за уставни измени и тоа „во пријатна атмосфера“. А пратениците пак, дури и тие што одлучувале самостојно и го послушале лидерот Христијан Мицкоски да го следат разумот и срцето па по слободна волја излегле да гласаат на референдумот за името, сега ќе потпишувале заклетви дека нема да гласаат за промена на Уставот. Тоа е хендикеп кога си во опозиција. Кога беа на власт потпишуваа меници. Сега ќе даваат заклетви.
…
Туку, сега што правиме? Ај ВМРО-ДПМНЕ што бојкотираше референдумот – бојкотираше. Со што ли ќе нѐ просветлат сега мудросерите од високоумната интелектуална елита што го поддржа бојкотот и го туркаше како единствена исправна опција? Имаат ли сега идеја како да се излезе од оваа нова криза? Оти и додека од високо мудросереа за референдумот, никогаш не кажаа која е алтернативата на Македонија освен прифаќање на договорот со Грција, за да се влезе во НАТО и за да се почнат преговори со ЕУ
…
Баш фино што одработивте за криминалците. Само, немојте да се правдате дека сте работеле за доброто на Македонија. Оти, ВМРО-ДПМНЕ не работи за Македонија. Тоа е веќе извесно. И тоа еве веќе 13 години.
…
Па тие уште сега рекоа дека договорот со Грција е мртов, и дека со неизлегување на референдум го одбраниле името. Па зошто нѐ лажевте 11 години дека преговарате? Зошто референдум ставивте во својата програма кога не сте имале намера да се договарате со Грција? Па и на своите членови во програмата сте им кажале дека „ќе се изјаснат македонските граѓани на референдум, а при тоа мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на референдумот да се согласни со можното решение“. Цензус не споменувате, а сега 610.000 кои гласале „за“ ви се малку.
…
Аха. Ќе заборавев. И Грција со широко срце ќе го прими новиот премиер Мицкоски. Оти во Атина одвај чекаат нов договор да испреговараат. Подобар за Македонија. Оти тие имале проблем со нашето име. И ептен зависат од нас.
…
Постререфендумски гледано, ние сме уште во студена граѓанска војна, која не само што не олабави по падот на режимот туку и се заострува. А Ѓорге Иванов, како единствен политички експонент на мафијашката банда што помпезно се именува ВМРО-ДПМНЕ, ја храни таа студена граѓанска војна и ја разгорува.