Ах бре Бранко, не ти Бранко другиот Тричко!

Цел текст за блокирани, морони

Branko Trickovski, Facebook статус

Ова е битка на Беласица во која можеме да си ги вратиме очите што си ги извадивме

Пишува: Бранко Тричковски

Можеби овие белешки ќе се читаат како писмата на британските војници од европските фронтови во Првата светска војна. Некогаш, кога некој Владо ќе прави документарни емисии за борбата против заробениот дух на Македонецот. Тричковски, ќе рече тогаш Владо, го пречекувал заробениот ум со сојата чета во кафето “Корзо” и тука го ослободувале со помош на “Сивата гуска” и апетисаните на супериорната мисла. Понекогаш играле и тенис со заробените, но само миг потоа се случувало да го почувствуваат благиот мирис на иперитот на нивната ненормалност, бајонетот на македонската лудост, смртоносниот врисок на нивната хистерија. Во еден таков момент, тие морале да го извадат најмоќното оружје: Референдумот!
Најтешката битка е битката против себе. Против робот во себе. Против лудакот во себе. Против сопствената ненормалност. И други нации, во други времиња и услови, влегувале во вакви битки, губеле и победувале. Не сме ние единствен случај, далеку од тоа. Но, миксот од неверојатни душевни страдања и благородноста и возвишеноста на идејата што не води, сепак е само наше доживување. Независно од интересот на светот, никој друг не може да ги почувствува вистинските димензии на драмите низ кои минуваме.
Повеќе отколку што е битка за Македонија, денешното гласање е врв на битката за вредности. Се разбира јас не мислам дека денеска ќе ги освоиме или нема да ги освоиме, но сосема сугурно ќе го одредиме правецот во кој ќе ги бараме и ќе ги градиме. Или ќе ги утнеме.
Недела, 30 октомври, 2018, Орешани, дваесет километри југоисточно од Скопје.

Драги мои,

На излегување со Мајло не затече меко есенско утро. Се спуштивме до патот Зелениково- Скопје со идеја да прошетаме се таму до селските гробишта над Бујото, но јас побрзав да се вратиме зашто ме фати некоја возбуда, некоја трема, вознемиреност како пред настап, немир на границата меѓу творечкото и депресивното, каков што чувствував пред средбите со своите први љубови или кога Бојан Крижај ќе се спушташе по патеката во Венген или кога Ана Костовска ја пееше Анушка на евровизиските квалификации во Југославија, не се сеќавам која година. Му го оставив тенџерето со карабатакот на Мајло, поторено на каталпата во дворот, си направив кафе, го вклучив бојлерот и се вратив в кревет, од каде еве ви се јавувам.
Уште само два часа, драги мои, и јас морам да заминам во Скопје. Мојот распоред е во училиштето “Ѓорѓија Пулевски”. Многу тежок сектор. И опасен. Ќе морам да се пробијам низ сликарските ескадрони на вмро-дпмне, можеби ќе ја видите мојата слика на некој портал или мојата смртовница на некој јавор, со порака дека сум предавник, но не љубени, уште отсега сакам да ве уверам дека сето тоа ќе бидат одвратни лаги.
Како и да е ние немаме друг излез.
Мораме да го пробиеме обрачот на македонската примитивност и да излеземе на џадето за Европа.
Ако умрам ил загинам, немој да ме жалите.
Ако се вратам ќе ме славите.
Ова е битка на Беласица во која можеме да си ги вратиме очите што си ги извадивме.
Едвај чекам да се гушнеме во Брисел.
Ве сакам, Ваш Бранко.
ВП Орешани.

 

Линк за неблокирани

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *